Заврши јубилејното издание на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија”
Со премиерна изведба на претставата “Секс и лаги”, драмско дело на Театар Куманово, заврши 25-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија во Куманово.
На сцената на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово беа одиграни 13 претстави од повеќе земји, пред многубројните љубители на драмската уметност.
Во знак на благодарност, поддршка и придонес за одржување на манифестацијата “Денови на комедија”, на Општина Куманово и беше доделена плакета, која ја прими секретарот на Општината, Александар Гелевски.