Започна дводневната Обука за безбедност и заштита при работа
Денеска во големата сала на зградата на поранешни општествено-политички организации започна дводневната Обука за безбедност и заштита при работа во рамките на проектот“Истражување, подигање на свеста за БЗР и креирање на 2 стратешки документи: – Локалнастратегија за БЗР 2022 – 2027- и – Акционен планза БЗР 2022 – 2027 година“. Овој проект го спроведува ЦРЗ ДРОМ – Куманово во соработкасо Македонското здружение за заштита, финансиран од ЕУ. Дел од активноста беа претставници на јавни институции, синдикати, МВР, општински основни училишта, ЛЕСС, бизнис заедницата. Обуката ја отвори претседателката на Совет на општина Куманово Ѓорѓиевска, која истакна дека подобрувањето нанадлежностите за БЗР и подобрување на личнатазаштита, законодавството, системите и мерките заБЗР на вработените во јавните институции и локалните бизниси треба да бидат приоритет, кој секојдневно ќе се почитува и развива.