Збратимената Општина Чукарица ја одбележа славата Св.Троица
Секретарот на Општина Куманово и членови на Совет на Општината беа во дводневна посета на збратимената Општина Чукарица, по повод славата Св.Троица, која е празник на христијанската црква и долгогодишна традиција на оваа Општина. Се сретнаа со претседателот на Општина Чукарица Срѓан Колариќ, претседателката на Собранието Лидија Јовановиќ и претставници на Општината. Присуствуваа на Светата литургија во храмот “Св. Ѓорѓи”, на традиционалната литија по улиците на Чукарица и осветувањето на славскиот колач.