Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на 01.12.2020 год.

Во просториите на Општина Куманово се одржа педесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот пристуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следните препораки:

  • Општински штаб за заштита и спасување препорачува на Банките и други правни субјекти коишто вршат шалтерски исплати и наплати на средства да воведат дополнителни редарски служби кои ќе го контролираат и регулираат движењето на нивните клиенти во периодот на чекање пред деловните објекти со цел да се почитуваат мерките и препораките за заштита од COVID -19 со почитување на дистанца на клиентите;
  • Известување до граѓаните на Општина Куманово дека ЈП„Чистота и зеленило“ ќе врши аеросолизација на јавно прометните површини во централното градско подрачје кога временските услови ќе бидат поволни, односно кога температурата ќе над -5 степени Целзиусови;
  • Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст