Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 27.04.2020 година (понеделник)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на  ден 27.04.2020 година (понеделник),во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Штабот е загрижен поради новонастанатата состојба со вонредниот инспекциски надзор на ДЗСИ во однос на командантот и придружениот член на штабот за наводно прекршување на процедури и бара записникот и извештајот од постапка да му биде доставен на увид.

 

Ваквата констатација фрла сомнеж врз сето она што до сега е преземено и сработено од страна на ОШЗС во борбата со епидемијата од Covid-19 во Куманово. Бараме од надлежните државни органи во најкус можен рок да го расчистат случајот. ОШЗС во континуитет од самиот почеток на епидемијата укажува на голем број на недостатоци на акти и дефинирани процедури кои треба да ги донесе владата, министерството за здравство и комисијата за заразни болести со кои прецизно се регулираат процедурите во услови на епидемија како и заклучоци со кои се укажува за фактичката состојба и реалните потреби во здравствените организации во Општина Куманово.

 

  • Општинскиот штаб, силно ја поддржува работата и ангажманот на здравствените работници (лекари и медицински персонал во Општа болница, Здравствениот дом, матични лекари, ЦЈЗ, епидемиолозите и др.) во Куманово и ја истакнуваме досегашната соработка како и нашата голема благодарност за сето тоа. Цениме дека тоа се луѓето на првата линија на фронтот, против вирусот Covid -19, како и нивната 24-часовна посветеност, ризикувајќи ги своите животи во интерес и спас на животите на своите сограѓани. Од тие причини упатуваме јасна порака до Министерството за здравство во наредниот период, целосно да се посвети на подобрување на сите слабости во поставениот систем, кој очигледно не функционира беспрекорно.

ОШЗС ќе продолжи со сите средства и целата логистика заеднички да ја продолжи битката, со злото кое го зафати светот, нашата држава и нашиот град. За нас, наш врвен приоритет, отсекогаш беше и остана спасување на човечки животи и грижа за граѓаните

на Општина Куманово за нивно сеопшто добро.

  • Се бара од ЈП „Водовод“ секојдневно да дава информација за превземените активности на водоводна и канализициона мрежа и истите да ги објсвува и на веб сајтот на Општина Куманово.
  • Се препорачува на Општина Куманово на сите јавни претпријатија да додели одредени количини на заштитни маски.
  • ОШЗС Куманово целосно се оградува од сите политички, правни и физички лица кои самостојно без запознавање и одобрение на ОШЗС делат пакети и друга помош и бара од нив да ги почитуваат одлуките на штабот и тоа да го организираат во координација со ОШЗС.
  • Апел до граѓаните на Општина Куманово да ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШЗС Куманово.

 

Општина Куманово

Градоначалник,

 

____________________

Максим Димитриевски

Врати се на врвот
Големина на фонт