Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и први состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 04.05.2020 година (понеделник)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
 ОШЗС Куманово врз основа на Решение за безбедносни мерки во однос на
болеста предизвикана од вирусот COVID -19 кај луѓето, донесено врз основа
на член 20 став 1 алинеја 5 од Законот за безбедност на храната („Сл. Весник
на РМ“ Бр.157/10,
53/11,1/12,164/13,187/13,43/14,72/15,84/15,129/15,231/15,39/16,64/180) мерките
на Владата на РСМ и препопраките на МЗ, и диреткорот на Агенција за храна
и ветеринарство, препорачува на ЈП „Пазаришта“ – Куманово, да го прилагоди
работењето на добиточниот пазар согласно мерките на Владата на РСМ и МЗ.
 ОШЗС Куманово врз основа на барање на ЈП „Пазаришта“ –Куманово,
препорачува на Општина Куманово да започне со работа реонскиот и Зелен
пазар како за продажба на храна, земјоделски производи така и за продажба
на цвеќе и останати производи на второ и трето ниво од понеделник до петок
од 08:00-16:00 часот. При што задолжително да се применуваат веќе
утврдените мерки за заштита од вирусот.
 ОШЗС Куманово препорачува на Општина Кумановода го стави во функција
зонско паркирање организирано од страна на ЈП „Куманово паркинг“ –
Куманово со цел да се уреди паркирањето и намали сообраќајниот метеж во
градот.

Врати се на врвот
Големина на фонт