Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, во пресрет на престојниот викенд  и празникот 2 Август упатува апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести  во поглед на одржување на  социјална дистанца, носење на заштитни маски и дезинфекција на раце. Исто така сите оние граѓани кои ќе патуваат на излетничките места да ги почитуваат мерките и препораките на Влада на РСМ во поглед на бројот на патниците во патничките автомобили да не надминува повеќе од 3 лица, освен ако се работи за лица од исто семејство, како и задолжително носење на заштитни маски, со цел заштита на своето здравје и здравјето на најблиските.

Врати се на врвот
Големина на фонт