Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оглас за доставување на понуди заради санирање на штета направена од природна непогода – одрон на карпа врз објект

Заради настаната природна непогода – одрон на карпа и оштетување на објект, Општина Куманово бара правно лице,кое е во можност да изврши санирање, поточно расчистување на одронот од карпа и обрушеното, да изврши увид на лице место (ул.„Ѓорче Петров“ бр.308), да изработи предмер и пресметка за сé што е потребно, за да се изврши на безбеден начин санирањето и истата да ја достави во архива на Општина Куманово во рок од 3 (три) дена .

За детали за точна локација, може да се обратите на телефон 078365061 во период од 08:00-16:00

Се надеваме на брза реакција од сите правни субјекти, пред сé, заради хуманост кон оштетеното семејство.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст