Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан триесет и седми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 24.04.2020 година (петок)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • ОШЗС ќе го зголеми бројот на придружните членови на штабот со претставници од Советот на Општина Куманово во координација со Претседателот на Советот и координаторите на советничките групи за подобро координирање на активностите, редовно следење на состојбите и активностите во врска со епидемијата во Куманово.
  • ОШЗС уште еднаш укажува на невладините организации, здруженија и политички субјекти и поединци да се почитуваат препораките и одлуките на ОШЗС, во однос на делење на хуманитарна помош, тоа исклучиво да биде во соработка со ОШЗС, за да се избегне непотребно групирање на граѓани, неконтролирано делење и евентуални прекршувања на препораките и мерките на Владата.
  • Барање до Општина Куманово за изготвување на информативен материјал во вид на флаери, плакати и билборди, за следење и почитување на мерките за заштита од вирусот COVID-19, и нивна достава до граѓаните, за нивна подобра едукација во справување и заштита од ширење на корона вирусот (COVID-19).

 

 

Општина Куманово

                   Градоначалник, 

                                                           Максим Димитриевски

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт