Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан триесет и шести состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 22.04.2020 година (среда)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • ОШЗС по добивање на Известувањето за спроведување на дијагностичко тестирање за КОВИД – 19 согласно АЛГОРИТМОТ за тестирање упатува барање до Комисијата за заразни болести за преиспитување на исправноста на одлуката за воспоставување на ваков алгоритам. Бараме истиот да претрпи измени, затоа што стриктното почитување на вака поставениот алгоритам претставува длабока ирестриктивна форма на тестирање со што со ваков мал број на тестирања може да се добие несоодветна епидемиолошка проценка на состојбата а со тоа и немање никаква можност за евентуално тестирање на асимптоматски случаи кои може да бидат извор на ширење на заразата .
  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење.
  • Се задолжуваат институциите на локално ниво да ги стават на располагање своите возила за потребите на ОШЗС Куманово, а се препорачува на институциите на централно ниво доколку имаат возила кои не им се неопходни во работењето, да ги отстапат на ОШЗС Куманово.
  • Општина Куманово набави дополнителна количина на заштитни маски кои од утре ќе се делат бесплатно на граѓаните од страна на редарските тимови на штабот.
  • Граѓаните за социјални пакети можат да се информираат на телефонските броеви: 075323569, 075207126 и 077719494 како и на телефонскиот број на ОШЗС Куманово 078365061.
  • Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен и во затворен простор.
  • Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за задолжително држење на физичка и социјална дистанца во меѓусебна комуникација и контакти.
  • Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за излегување и движењена само еден член од семејствотово делот на набавка на прехрамбени и други производи, лекарства и потреби во делот на регулирање на севкупните дневни и периодични потреби на семејството.

 

Општина Куманово

                   Градоначалник,

 

                                                           ____________________

                                                           Максим Димитриевски

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст