Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 14/20) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018),Секретарот на Општина Куманово, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Се распишува интерен оглас за унапредување на 3 (три) административни службеници за следните работни места:

01. Шифра: УПР 01 01 В01 000
Звање и назив на работното место: Советник за информирање и односи со јавноста
Назив на одделение: Одделение за информирање и односи со јавноста
Назив на сектор: Сектор за поддршка на градоначалник и совет на општината, информирање и односи со јавноста и информатичка технологија
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Политички науки или Наука за книжевноста
– работно искуство, и тоа:
– најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Распоред на работно време:
-неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од07:30 до 08:30часот и завршеток на истото од 15:30до 16:30часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 26.257,00 денари

02. Шифра: ИНС 01 01 Б04 001
Звање и назив на работното место: Виш инспектор – Раководител на Одделение за инспекциски надзор во урбанистичко градежна и комунална дејност, животна средина и угосителско туристичка дејност
Назив на одделение: Одделение за инспекциски надзор во урбанистичко градежна и комунална дејност, животна средина и угосителско туристичка дејност
Назив на сектор: Сектор за инспекциски надзор-Инспекторат
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, – Градежништво и водостопанство или животна средина или хемиска технологија
– работно искуство, и тоа:
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,
-работно искуство за ниво Б4 – Виш инспектор – најмалку четири години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор;

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од07:30 до 08:30часот и завршеток на истото од 15:30до 16:30часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 35.633,00 денари

03. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место: Раководител на Одделение за меѓународна соработка и евроинтеграции
Назив на одделение: Одделение за меѓународна соработка и евроинтеграции
Назив на сектор: Сектор за Меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР)
Број на извршители: 1

Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Правни науки или политички науки
– работно искуство, и тоа:
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– положен испит за административно управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: почеток на работно време од07:30 до 08:30часот и завршеток на истото од 15:30до 16:30часот, со пауза од 11:00 часот до 11:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.694,00 денари.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Куманово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Куманово, при што административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
– да е оценет со оцена „ А ” или „ Б “ при последното оценување на кое бил оценуван,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на истото ниво и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните кандидати треба да поднесат ПРИЈАВА на службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси при општинската администрација на Општина Куманово hr.opstinakumanovo@kumanovo.gov.mk

Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Општина Куманово, во писмена форма да ги достават до Одделението за управување со човечки ресурси.

Кон пријавата кандидатот може да приложи:
• потврди за успешно реализирани обуки и/или
• потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Напомена: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

Секретар на Општина Куманово
Александар Гелевски

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст