Општина Куманово ги модернизира јавните претпријатија
Општина Куманово обезбеди средства за набавка на опрема и механизација за јавните претпријатија преку Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2), се со цел подобрување на условите за работа и проширување на услужните капацитети на претпријатијата.
MSIP2 проектот се реализира со проектната единица при Министерството за финансии преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството и финансиска поддршка обезбедена од кредитната линија на Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.
Со набавка на новата опрема, Општината планира јавните претпријатија да ги ангажира за вршење нови услуги за кои досега се ангажирале приватни компании и со тоа да заштеди средства, со кои ќе го враќа кредитот и ќе ја подобри финсиската состојба во четирите претпријатија, ќе се подобрат условите за работа во претпријатијата и нивото на услуга со што бенефит ќе имаат сите граѓани на општина Куманово.
Денеска пристигна првата испорака на дел од опремата и тоа 3 Комбинирани ровокопачи натоварувачи со вкупна вредност од околу 14 милиони денари, од добавувачот која е наменета за ЈП “Водовод”, ЈП “Куманово Гас” и ЈП “Чистота и зеленило”, при што заедно со директорите на јавните претпријатија и Претседателката на советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска направивме увид и проследивме презентација на механизацијата.
За споредба последен пат во ЈП “Водовод” Куманово се набавени машини од овој вид во 2003 година односно пред скоро 20 години.
Дополнително во следниот период ќе пристигнат и 3 камиони за зимско одржување на улици со зимска опрема, 1 трактор со приколка , 1 автодигалка и 1 камион за смет наменети за ЈП “Чистота и зелениоло”, Автомобил и Камионет за потребите на ЈП “Куманово Гас” и Пајак возило за ЈП “Куманово Паркинг”.
Целата флота предвидена за модернизација на јавните претпријатија брои вкупно 12 возила и е во вредност од 62,8 милиони денари, додека вкупниот под-заем е со износ од 63,7 милиони денари.