Книжевна летна школа со професор Венко Андоновски
Градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината денеска присуствуваа на последниот ден од тридневната Книжевна летна школа со професор Венко Андоновски. Учествуваа 15 средношколци од општинските средни училишта со свои авторски дела (проза и поезија), кои имаа несекојдневна можност да работат со професорот Андоновски, кој им подели корисни совети, преку елаборирање и корегирање на нивните дела. Беа доделени благодарници на сите учесници и на најистакнатите дела во двете категории.