Комеморација за Богдан Таневски
Денеска во Занаетчиски дом Куманово се одржа комеморација за Богдан Таневски, директор на НУ Музеј Куманово. На комеморацијата присуствуваачленови на семејството на Богдан Таневски,секретарот на Општина Куманово, претставници од НУ Музеј Куманово, од Министерството за култура на Република Северна Македонија, претставници на останати институции, установи и претпријатија, кои соработуваа со Таневски. Свое обраќање имашеи секретарот Гелевски, кој упати искрено сочувство до семејството Таневски и ја истакна успешната и плодна соработка на Општина Куманово со НУ Музеј Куманово, на повеќе проектни активности и културни настани, кои станаа традиционални во Куманово. Богдан Таневски беше истакнат културен работник и вистински професионалец, а неговиот 37–годишен работен стаж исполнет со реализирани проекти, кои се мошне значајни за институцијата, со која раководеше и воопшто за нашата Општина.