Конференција на тема “Како до поефикасна заштита од корупција на локално ниво”
Во рамките на проектот „Заштита од корупција“, кој се спроведува со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, денеска се одржа конференција на тема “Како до поефикасна заштита од корупција на локално ниво”, во организација на Центар за граѓански комуникации-Скопје. Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски беше еден од говорниците, а се дискутираше на темите: Важноста на борбата против корупција во единиците на локалната самоуправа, Што им недостига на Општините за да ја засилат борбата против корупција, како и Улогата на локалната заедница во борбата против корупција.