Крак од улица „Моша Пијаде„ ќе стане пешачка патека
По иницијатива на Советот на Општина Куманово,Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата изготви проектна документација и основен сообраќаен проект со позитивна ревизија за крак од улица „Моша Пијаде„. По добиена согласност за трајна измена на режим на сообраќај од СВР Куманово, изготвено е решение за трајна измена на сообраќаен режим согласно детален урбанистички план за тој дел од градот, каде што е дефинирано дека крак од улица „Моша Пијаде„ е пешачка патека. Во претходните денови на горенаведениот дел е поставена вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а во следните денови патеката ќе биде затворена за сообраќај и со физички препреки (метални столбчиња). Целта е пешачката патека да профункционира во целост, без притоа да има движење од моторни возила на истата.