Куманово домаќин на Државни спортски игри за основните и средните училишта
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска свечено ги отвори Државните спортски игри за основните и средните училишта, или познати како Мали олимписки игри. Традиционалната Спортската манифестација е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, под покровителство на Министерство за образование и наука и Агенција за млади и спорт, градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општина Куманово. На игрите настапуваа најдобро квалификуваните спортски екипи од училишта од сите општини во државата, со бројка од над 800 учесници. Натпреварите беа во повеќе спортски дисциплини – футсал, кошарка, фудбал, атлетика и тоа во машки и во женски дисциплини.