Ларвицидна дезинсекција во Куманово
На 09.04.2020 година (четврток) на територијата на Општина
Куманово ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, која има за цел
уништување на ларвите на комарците. Ова е прв третман за оваа
година, кој ќе се врши на стоечки води (бари покрај реки, непроточни
потоци) во општината.