Ларвицидна дезинсекција на територија на Општина Куманово
На 15.04.2022 година (петок) на територијата на Општина Куманово ќе се изврши третман на ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите на комарците. Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува до наредниот поволен ден.