Матурски хепенинг под покровителство на Општина Куманово
Во организација на Фондација за култура и спорт-Куманово, под покровителство на градоначалник и Совет на Општина Куманово, се одржа Матурски хепенинг. Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски ги поздрави матурантите од општинските средни училишта, посакувајќи им успех во понатамошното образование, успешно справување со предизвиците, кои стојат пред нив и вистински заложби во остварување на соништата.