Младите за зелено Куманово
Денеска се одржа работна средба со претставници на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина “Go green”, во врска со барањата на младите за зелена Општина. На средбата се дискутираше за актуелните предизвици и можности, кои Општината може да ги прифати и реализира, со цел унапредување, одржување и заштита на животната средина. Беа претставени и десетте барања и идеи на младите за зелена Општина, побарани од младите кумановци во рамките на проектот “Младински еко активизам за зелени Општини”.