“Музичко-поетска ризница” во ООУ “Кочо Рацин”
ООУ “Кочо Рацин” – Куманово денеска со пригодна свеченост и културно-уметничка програма под наслов “Музичко-поетска ризница” го одбележа Денот на училиштето. Оваа година одбележуваат 77 години од своето успешно постоење. По повод патрониот празник на училиштето делегации од Општина Куманово и Совет на Општината, предводени од секретарот Гелевски и претседателката Ѓорѓиевска положија свежо цвеќе на бистата на патронот.