Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Најдобри полицаец и пожарникар за 2021 година

Традиционално Општина Куманово ги прогласи најдобрите полицаец и пожарникар и за 2021 година. За најдобар полицаец е прогласен Далибор Станојковиќ, полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност- СВР Куманово, а најдобар од Територијална противпожарна единица Куманово е Игњат Наковски, пожарникар- спасител. Наградите ги врачи градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој им се заблагодари за професионалноста во извршувањето на должноста, посака да продолжат да работат со истиот елан и да имаат што помалку работни обврски, работејќи во служба на граѓаните.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст