“Низ игра и песни лектирите се лесни” –патронен празник на ООУ “Браќа Миладиновци”
ООУ “Браќа Миладиновци”-Куманово одбележа 69 години од своето постоење. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник се одржаа повеќе активности: Детска ликовна колонија Пчиња 2022, “Игри без граници” за деца со посебни образовни потреби и турнир во мал фудбал помеѓу општински училишта. Вечерва во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”-Куманово се одржа свечена културно-уметничка програма под мотото “Низ игра и песни лектирите се лесни”. На патрониот празник присуствуваше секретарот на Општина Куманово Гелевски.