Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новогодишни пакетчиња

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски ја продолжи својата традиција пред Новогодишните празници да ги посети институциите кои се занимаваат со работа со деца од ранливи категории. Прва година без директна средба со децата, но честитките, пакетчињата и препораките за тоа како да се однесуваат децата и возрасните за време на празниците во овој Ковид период од име на општината ги предаде Дедо Мраз. Новогодишни пакетчиња беа однесени на децата  без родители во општината, дневен центар  за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша, Дневни центар за лица со посебни потреби, Детското одделение на ЈЗУ Општа болница Куманово, во Здружение за глуви и наглуви и деца од ромската заедница.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст