Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележан патрониот празник на ООУ “Карпош”-с.Умин Дол

Денеска ООУ “Карпош”-с.Умин Дол го прослави патронатот на училиштето, под мотото “Сонцето сите исто не грее”. На одбележувањето на патрониот празник присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој имаше можност да ја погледне изложбата на дела на учениците од литературна и ликовна колонија. Директорот на училиштето ја искористи оваа можност да им се заблагодари на градоначалникот на Општината, претставниците од МОН, Секторот за образование и ЈП“Куманово план” за претстојната целосна реконструкција на ООУ “Карпош”-с.Умин Дол.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст