Одбележување на 17-ти Октомври “Денот на Команда за операции”во касарната “Боро Менков” во Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски заедно со претседателката на Советот на Општината Ивана Ѓорѓиевска, традиционално присуствуваше на свеченото одбележување на 17-ти Октомври “Денот на Команда за операции”во касарната “Боро Менков”- Куманово, на покана на бригадниот генерал Бесник Емини, командант на Командата за операции во Армијата на РСМ.
По воведниот говор и пригодното обраќање до присутните гости, беше оддадена почит на загинатите херои,кои ги положија своите животи пред олтарот на слободата.