Одржана прва конституитивна седница на Совет за заштита на потрошувачите на Општина Куманово
Денеска се одржа првата конституитивна седница на Советот за заштита на потрошувачите на Општина Куманово.
Дневниот ред се состоеше од една точка – избор на претседател на советот, а за претседател беше избран Вилијам Бојковски, управител во ДПТУ Ми-Мар – Куманово.
Советот за заштита на потрошувачите е формиран со цел разгледување на прашања и утврдување предлози кои се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби, а Одлуката за формирање на истиот е донесена на седница на Советот на Општина Куманово. Советот е составен од седум члена.