Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одржана прва сесија во рамките на проектот „Регионалниот форум во заедницата„

Во организација на Центарот на североисточен плански регион,а со поддршка на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа  во Куманово се одржа прва форумска сесија во рамките на програмата„Регионалниот форум  во заедницата„.Целта на форумот е партиципативно вклучување на граѓаните во процесите на креирање на политиките и одлуките на регионално ниво. Голем број на заинтересирани  граѓани, граѓански организации, претставници од бизнис заедницата и од институциите од шестте општини од регион, се запознаа со форумскиот процес и критериумите за избор на проекти. Но, исто така ги утврдија  регионалните проблеми, за кои дефинираа предлози за нивно решавање во рамките на четрите теми утврдени со грантовата шема: туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија. На оваа прва форумска сесија беа утврдени седум  предлог решенија – концепти согласно критериумите на грантовата шема дефинирани со проектот ,,Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој,,  и тоа:

Концепт 1: Уредување на Бислимска клисура (изградба на енергетски ефиксен објект за развој на рурален туризам во Бислим);Концепт 2:  Инфраструктурно уредување на туристичка инфраструктура за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО  ПОКЛОНЕНИЕ ;Концепт 3: Поставување на урбана опрема на туристички локалитет  Спомен костурница ;Концепт 4:  Изградба на пристапна   инфраструктура -пешачки  патеки и рехабилитација на постојни до природни реткости – атрактивни туристички локалитети,  уредување со урбана  опрема и патокази и инфо табли во СИПР (Станечки водопади, локалитет Куклица и др.);Концепт 5:  Доградба на дополнителен сместувачки капацитет во регионалниот дом за стари лица во Куманово;Концепт 6:  Инклузивен стадион во СИПР ( Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР);Концепт 7:  Изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети – објекти  во регионот согласно стратегијата на СИПР;

Втората форумска сесија ќе се одржи на 1-ви Март 2019 година, со почеток во 12 часот во ресторан Грација во Куманово, а сите сесии ќе бидат спроведени до 15 март оваа година.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст