Општина Куманово е позитивен пример за финансиско работење по мерка за граѓаните според истражувањето на УНДП
Општина Куманово е идентификувана како една од десетте општини кои се позитивен пример за финансиско работење по мерка за граѓаните, според темелното истражување и анализа спроведена од страна на УНДП на тема: Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните: пристап заснован врз податоци за позитивни отстапувања.
Во истражувањето “Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните: пристап заснован врз податоци за позитивни отстапувања.” беа опфатени сите 80 општини од Република Северна Македонија и Градот Скопје. Анализата покажа позитивни примери во 10 општини кои имаат добро финансиско работење, редовно сервисирање на превземените обврски, партиципативно буџетирање, родово сензитивно буџетирање, ниско задолжување, одлична комуникација со невладиниот и бизнис секторот и високо ниво на реализација на буџетот.
Истражувањето е достапно на македонски, албански и англиски јазик на следниот линк.