Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово се вклучува во семејството на Зелени Градови

Денеска во Општина Куманово беше потпишан Меморандум за соработка со Европската банка за обнова и развој, во однос на зелените градови на ЕБРД. Потписници на Меморандумот беа Градоначалникот на општината Димитриевски и Сузан Горансон, директор – раководител на Infra Europe, SIG. Целта на овој Меморандум е да се развие соработка помеѓу двете страни во насока на идентификување на приоритети и предизвиците во решавање на проблеми поврзани со животната средина преку одржливи инвестиции во инфраструктурата. Општина Куманово е втора општина во државата која има потпишано ваков  Меморандум за соработка со ЕБРД.

 

 

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт