Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворена училишна спортска недела за основни и средни училишта во општина Куманово

Федерацијата на училишен спорт на Македонија преку Општински сојуз на ниво на цела
држава организира “Отворена училишна спортска недела” за основни и средни училишта со
активности како што се: пешачење, планинарење, велосипедизам, ориентационо движење,
како и други активности кои ќе се реализираат на отворен простор, надвор од училишните
објекти според предвидените протоколи и и мерки. По тој повод и Општинскиот сојуз на
училишен спорт на Куманово организира активности (велосипедизам, пешачење, ролери и
скејтборд ) кои се реализираат во период од 17 до 21 мај на терени како што се Зебрњак,
“Живкова карпа”, Градски кеј и Спомен Костурница.
Денеска како дел од Отворената училишна спортска недела Градоначалникот Максим
Димитриевски присуствуваше и се обрати на Спомен Костурница, каде беа реализирани
главните активности предвидени за оваа спортска недела во Куманово како што се
велосипедизам и пешачење до “ Живкова Карпа”.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст