Пакети за социјално најзагрозени семејства
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Денеска тимови од Општински штаб за заштита и спасување и Црвен крст, дистрибуираа пакети на социјално загрозени семејства, со прехранбени производи и пијалоци, средства за лична заштита, хигиена и дезинфекција. Производите се обезбедени преку Локален социо – економски совет донација од општествено одговорни фирми: Центробизнис Куманово, Арди Фреш – Куманово, Фима Вест-Куманово, Алкалоид – Скопје,Ацидо Ком Маркети Куманово, Мусли Маркет -Куманово, Елида Куманово, Селман Туризам-Куманово, Пивара Скопје-Скопје, Ќошар -Куманово, Кима Ком Куманово, Мит Груп – Куманово, Бентон – НИ – Куамново, Тиди – Куманово, Салса – Куманово, Реџија ДОО Куманово, Коримпекс Шус Куманово ,ИН-Пошта–Радевски Куаманово,НТК- Макс Куманово, ДЕ- МАРКО Куманово, Анстасија Шус Куманово, Дизајн Текст Куманово и Босут Куманово, Делукс компијутери Скопје, УПМ Груп Скопје и Рапид Билдинг Скопје. Благодарност до сите фирми за оваа донација.