Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Педесет и петта седница на Советот на Општина Куманово

Во среда на 28 април 2021 година (среда), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи Педесет и петтата седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред

• Усвојување на записникот од Педесет и четвртата седница на Советот на Општина Куманово

1. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2021 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;
2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
3. Предлог – Одлука за давање на согласност за обезбедување на дополнителни средства од Буџетот на Општина Куманово, за ко-финансирање на градежни активности за реконструкција на поранешен Хотел „СОЛУН“, наменети за засебна сметка на проектот „Заедничка историја и култура – Мост преку границите”;
4. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2021 година;
5. Предлог – Одлука за префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година;
6. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на Липковска Река во КО Лопате вон г.р. – Општина Куманово за дел кој се наоѓа вон опфат на УПВНМ, м.в. Шамак КО Опае – Општина Липково;
7. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово – член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Толи Зордумис‘‘ – Куманово.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст