Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на Градоначалникот Димитриевски на Општа болница Куманово

По повод 7-ми Април-Светскиот ден на здравјето денеска Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски ја посети Општата болница Куманово и Ковид центарот во Болницата. Целта на посетата е да се истакне значајната улога на здравствените работници во овој тежок период, предизвикан од пандемијата Covid 19 (корона вирус), професионалноста, посветеноста и грижата за здравјето на граѓаните.  Огромна благодарност до здравствените работници, кои со несебично залагање застанаа во првите редови, борејќи се за зачувување на животите и здравјето на луѓето. Според задолженијата на Општинскиот штаб за заштита и спасување, од денеска се обезбедени волонтери од општинската и администрацијата на јавните претпријатија, кои се вклучуваат во испомош на доставување боци со кислород во Општа болница Куманово. Од името на општина Куманово Градоначалникот Димитриевски додели сто и дваесет скафандери и четириесет визири за здравствените работници во Ковид центарот во Болницата.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст