Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишан договор за соработка помеѓу Општина Гњилане и Општина Куманово

Денеска во Општина Куманово беше потпишан договор за соработка преку проектот: Оддржлив пазар на свежи земјоделси производи во прекуграничниот регион во општините Гњилане и Куманово. Целта на проектот е максимизирање на продажбата и профитот за локалните свежи земјоделски производи во општините Гњилане и Куманово преку осовременување на зелените пазари по пат на остварување на специфични цели. Конкретно во Општина Куманово предвидено е реконструкција на кровната конструкција на зелениот пазар со еколошки и енергетски ефикасно решение и реконструкција на тоалетите. Во рамки на проектот предвидени се активности од типот на организирање на обуки за земјоделците за подобар пласман и зголемена продажба,организиање на мобилни пазари за продажба на свежи земјоделски производи како и организирање на прекугранични недели за заеднички настап на пазарите на земјоделците од двете општини.

 

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=Jo__Inl4sOo&feature=youtu.be&wh] [youtube https://www.youtube.com/watch?v=hx08goMfSrc&feature=youtu.be&wh]

 

Врати се на врвот
Големина на фонт