Прва протоколарна посета на амбасадорот на Р Чешка во РСМ
Денеска градоначалникот на општина Куманово Димитриевски оствари прва протоколарна средба со амбасадорот на Р Чешка во РСМ, Н.Е. Јарослав Лудва. Почитувајќи ги примарните начела на двете страни, на средбата се водеше дискусија за воспоставување на пријателски односи, кои ќе доведат до нови и плодни активности, споделувајќи искуствени примери за меѓусебна добробит. Средбата отвори можности за унапредување на соработката на полето на повеќе општествени сфери.