Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва самостојна изложба на Павел Милановски, насловена како “Почеток”

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово,а во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, денеска пред спортскиот објект Соколана беше отворена самостојна изложба на Павел Милановски, ученик во IX одделение од ООУ “Кочо Рацин”-Куманово, насловена како “Почеток”. Беа изложени 33 негови дела. Ученикот твори во сите техники, а омилени му се цртежи и боење со акрилни бои. Активно учествува на сите внатрешни и надворешни конкурси и работилници, учесник е и на Детскиот ликовен камп АСНОМ во 2018. и 2020 година. Првата награда ја има освоено на 9-годишна возраст, а потоа следуваат награди на училишни, општински, државни и меѓународни натпревари, од кои посебно се истакнува интернационалната награда на натпревар, организиран од Обединетите нации. Од името на општина Куманово се обрати Секретарот на општината, Александар Гелевски, кој упати честитки за изложбата и успесите на Милановски, посакувајќи му вредно да работи на одржување и надградување на талентот.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст