Предновогодишна средба со претставници на локални медиуми во Општина Куманово
Предновогодишна средба со претставници на локални медиуми во Општина КумановоДенеска во општинската сала, секретарот Александар Гелевски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска во пријателска и празнична атмосфера беа домаќини на претставниците од локалните медиуми.
На средбата со новинарите беа искажани благодарност и почит од име на Општината и Советот за нивниот професионален пристап и однос кон општествените случувања, односно нивната навремена реакција која е важен фактор во креирањето на јавното мислење.