Презентирани активности на проектот за домашна посета на стари лица и лица со попреченост во Куманово
Дневниот центар за лица со интелектуална попреченоcт “Порака Наша” е носител на проектот за домашна посета, помош и поддршка на стари лица и лица со попреченост во нивните домови, а партнер е ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто”. Домот учествува со инфраструктурна контрибуција и со интенција за збогатување на своите услуги и превземање на еден ваков сервис за потребите на Општина Куманово. Проектот е финансиски целосно поддржан од Министерството за труд и социјална политика на Австрија. За таа цел денеска во просториите на “Порака Наша” беа презентирани досегашните проектни активности, преку кои старите лица и лицата со попреченост имаат можност за институционално сместување во Дом или друг вид институција и со помош од обучен неговател можат нормално да живеат во своите домови. Во рамките на проектот набавено е моторно возило за реализирање на посети на сите локации, апарати за мерење крвен притисок и униформи. На проектната презентација присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, претставник од Министерството за труд и социјална политика на Австрија и координатор за Фондацијата “Каритас Македонија”.