Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Проект: „Интеграција во основно образование„

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше на изложба на фотографии од проектот „Интеграција во основното образование“ кој го спроведува Здружението „Доверба“ од Куманово, финансиран од Мировна акција Прилеп/Тетово и Центарот за мировни студии Загреб преку поддршка од Делегацијата на ЕУ во Македонија и ЦИВИКА Мобилитас.

Во проектот кој се реализира во периодот од декември минатата година до крајот на март годинава, учествуваа четириесет ученици од ООУ „Вук Караџиќ“ и ООУ„Наим Фрашери“.

Ученици од различни етнички заедници од Куманово, под менторство на на своите професори изработија фотографии, уметнички творби и прозни дела на тема „Пријателството нема граници“.

Во своето обраќање градоначалникот Димитриевски истакна : „Подобрата меѓуетничка комуникација, надминување на бариерите и градејќи мултикултурно општество е приоритет и за општина Куманово„.

Проектот има за цел да ги зближи учениците од различни етнички заедници, за да се надминат разликите и истакнат различностите.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст