Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на музичкиот проект “Кумановци за Куманово”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Вчера во Занаетчискиот дом беше промовиран музичкиот проект „Кумановци за Куманово“. Настанот е во организација на Асоцијација за култура и уметност „Мулти Арт“, со помош на Фондација за култура и спорт Куманово и Секторот за култура при Општина Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на општината.

Десет народни кумановски песни , типични за кумановскиот менталитет, традиција и поднебје, преработени се од страна на познати кумановски музичари, препејани од кумановски музички имиња, а во придружба на поголем број професионални музичари од градот.

Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот на општината, кој имаше свое обраќање, беше присутна на настанот.

Врати се на врвот
Големина на фонт