“Расна дијагноза: Циган” – изложба во НУ Музеј на Македонија
Нацистичкиот геноцид врз Синтите и Ромите во текот на Втората Светска војна е тема на изложбата, поставена во НУ Музеј на Македонија, во организација на Централниот Совет и Документациониот културен центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан и РРОМА – Кратово, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Германија.
Изложбата “Расна дијагноза: Циган”, освен извршениот геноцид од страна на фашистите во Втората Светска војна, ја отсликува и борбата за признавање и самобитност на припадниците од оваа заедница.
На денешниот настан во Скопје, присуствуваа високи функционери на Владата, делегации на амбасади од повеќе земји и ЕУ, а од Општина Куманово присуствуваа претседателката на Советот и претставници од општинската администрација.