Реакција од Општина Куманово до Министерството за труд и социјална политика
Законот за локална самоуправа е јасен и дециден, ингеренции за детските градинки ги има локалната самоуправа.
Во случајов министерката Царовска со овој едностран акт прави класична централизација со цел да направи упад во надлежностите на општината и да изврши нелегитимен реизбор на директор кој што веќе петнаесет години е на оваа функција додека најгорливиот проблем на младите родители во Куманово е упис на дете во детска градинка и условите и начинот на нивното згрижување.
Општината бара отчетно и одговорно однесување, етичност и морал во рамки на надлежностите, ваков е случајот и со оваа институција.
Општината е отворена за соработка со Министерството на партнерско ниво, но ниту во еден случај во подредена позиција, наметнување на кадровски решенија и други форми на притисоци.