Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Реконструкција на ООУ “Христијан Карпош”-Куманово

Денеска во посета на ООУ “Христијан Карпош”-Куманово беа Министерката за образование и наука на РСМ Мила Царовска, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и пратеници во Собранието на РСМ Лидија Тасевска и Мартин Костовски, Секретар на општина Куманово Александар Гелевски, помошник Раководител на Сектор Даниел Стојчевски и претседателот на Советот на општината Атина Мургашанска . Целта на денешната посета беше увид во завршената кровна конструкција на училишниот објект, каде што во тек е и реконструкција на подови во сите училници и замена на канализациона и водоводна инсталација на санитарни јазли. Овој значаен проект е финансиран од Министерството за образование и наука и општина Куманово, кој ќе обезбеди неопходни услови за непречено одвивање на образовниот процес.Според веќе потпишаниот трипартитен Договор  помеѓу МОН, општина Куманово и училиштето, ќе следува реконструкција на фасадата на училишниот објект.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст