Свечено одбележан Денот на Здружената Оперативна Команда
Денеска Здружената Оперативна Команда свечено го одбележа 17 октомври. На свеченоста по повод овој значаен датум, во касарната “Боро Менков”-Куманово, присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, каде пригодно со сите почести беа пречекани Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на АРМ, Стево Пендаровски и Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска. На свечениот чин, присутните ги поздрави и им се обрати генерал-мајор Павле Арсоски.
На Градоначалникот Димитриевски му беше врачена Голема плакета на Армијата на Република Северна Македонија за соработка и врвни постигања, како највисоко признание на надворешен субјект.