Свечен настан под наслов “International concert global sounds”-дел од Еразмус + проект
Во рамките на проектот за размена на ученици “Глобални звуци 2020-2023”од Еразмус + програмата, вечерва во Занаетчиски дом се одржа свечен настан под наслов “International concert global sounds”. На овој проект од РСМ активно работи СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово заедно со Хрватска, Турција и Германија. Претставниците на државите ја посетија и Општината, каде што се сретнаа со секретарот Гелевски. Целта на посетата на наставници и ученици од овие држави на Куманово е презентирање на спроведените активности и размена на проектни искуства, кои им донесоа забележителни резултати. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, секретарот на Општината и претседателката на Советот.