Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Состанок за презентација на претстојниот бизнис саем за производители во Куманово

На 25- ти март (петок) во 14:00 часот, во кружна сала (поранешен Комитет) се одржа состанок на кој беше презентиран претстојниот бизнис саем за производители во Куманово, како и новите бизнис можности кои што произлегуваат од истиот. Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со маркетинг и менаџмент агенцијата Еуростеп, со цел организација на саемот на 16-ти и 17- ти јули во Куманово.

На саемот ќе учествуваат product placement компании, правни лица од државите членки на ЕУ и Балканот, финансиски организации и агенции, кои се заинтересирани за потенцијални соработки, партнерства, joint ventures и инвестиции кон домашните локални производители и правни лица со цел зголемување на производствени капацитети, репрезентативност и промоција, увоз/извоз на производи и странски инвестиции.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст