Сигналитика и инвентаризација на културно наследство во Куманово преку проект „Препознавање, знаење и вреднување на објекти со културно наследство“
Општина Куманово е дел од проектот „Препознавање, знаење и вреднување на објекти со културно наследство“, во кој учествуваат Албанија и Франција. Целиот проект е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Франција. Денеска во Куманово претставници од Сектор за урбанизам при Општина Куманово со гостите од Франција, предводени од Марилиз Отиз, претседателка на Асоцијација на градови со културно наследствово Франција, ги спроведоа предвидените активности за сигналитика и инвентаризација на културното наследство во градов. На терен беа посетени хотел “Куманово” и старите објекти околу него, Касапски круг и Занаетчиски дом. На работилницата во просториите на Општина Куманово, каде што се сретнаа и со секретарот на Општината Александар Гелевски, преку заедничка координација на работните групи за инвентаризација и сигналитика, беа разменети искуства и идеи за реализација на овој значаен проект.