Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2022 година наменето за социјално ранливи категории граѓани

Барањата може да ги најдете на следниот линк

Ве известуваме дека врз основа на член 3 од Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2022 година, бр. 09-9525/23 и член 3 од Одлуката за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица, корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) преку субвенционирање на трошоци комунални услуги за 2022 година, бр. 09-9525/25 од 28.12.2021 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.15/21), право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги ќе можат да остварат лица, кои имаат статус на:

Самохрани родители кои живеат на територија на Општина Куманово, што подразбира родители кои сами ги извршуваат родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности (до 18 годишна возраст на детето или до 26 годишна возраст доколку се образува), како и самохрани родители на деца со попреченост до 26- годишна возраст;

-Стечајни работници кои живеат на територија на општина Куманово и се евидентирани на соодветна листа на Здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1 од Општина Куманово;

– Згрижувачки семејства кои имаат згрижено едно или повеќе деца без родители или без родителска грижа;

-Лица кои до 18- годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателство, а најмногу до 26 -годишна возраст;

– Надоместок заради попреченост – лица кои живеат на територија на Општина Куманово со 26 години возраст, најдоцна до 65 години возраст, односто тешка или длабока интелектуална попреченост, најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице;

-Лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица, односно лице со навршени 65 години возраст („Службен весник на РСМ бр. 104/19) и

– Лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени (лица кои живеат под кирија).

Барањата можат да се подигаат од 17 до 28 јануари 2022 година во архивата на Општина Куманово и на портирница  во зградата на  поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита).

Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на Општина Куманово, најдоцна до 28.01.2022 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛЕФОН 075/323-569 ОД  0800  до 1600   часот

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата самохрани родители

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична  карта;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
-Извод од матична книга на умрени (доколку еден од родителите е починат);
-Доказ за причината поради која другиот родител не ги извршува родителските права и должности;
-Извод од матична книга на детето/децата;
– Извод од матична книга на родени на барателот (не постар од 6 месеци);
-Доказ за материјална состојба (УЈП), потврда од работа, од АВРСМ ЦВ – Куманово, од ЈУМЦСР- Куманово или чек    од пензија (лична /семејна );
-Потврда за редовен  ученик /студент .

 

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата стечајни работници

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична  карта  за сите полнолетни членови во семејството;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
– Доказ на кој се евидентирани на соодветна листа на Здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1 од      Општина  Куманово;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) за сите полнолетни членови во семејството, потврда од работа, од АВРСМ ЦВ   – Куманово, од ЈУМЦСР -Куманово или чек од пензија (лична /семејна );
–Доказ дека приходот во семејството не надминува 14.500,00 денари.

 

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата згрижувачки семејства

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична  карта за сите полнолетни членови;
-Извод од матична книга на детето/децата;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
-Решение издадено од ЈУМЦСР- Куманово кое  докажува дека лицето е  згрижувач;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) потврда од работа, од АВРСМ ЦВ – Куманово, од ЈУМЦСР- Куманово или чек од пензија (лична /семејна );
-Потврда за редовен  ученик /студент.

 

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица, кои до 18- годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателство, а најмногу до  26- годишна возраст

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична  карта;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
– Извод од матична книга на умрени;
-Решение од ЈУМЦСР доколку лицето е малолетно, односно е под старателство;
-Потврда од  АВРСМ ЦВ – Куманово, потврда од ЈУМЦСР- Куманово;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) – чек од пензија (лична /семејна );
-Потврда за редовен  ученик /студент.

 

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица – надоместок заради попреченост и тоа:
– Категорија на лица со тешка и длабока интелектуална попреченост
-Категорија на лица со најтешка телесна попреченост
– Категорија на потполно слепо лице од 26 години до 65 години возраст, кај кое постои оштетување на видот од 98% до 100%  и
– Категорија на потполно глуво лице од 26 години  до 65 години возраст, кое има двострано оштетување на слухот поголемо од 80%, пресметано според таблица за одредување на процент на траен инвалидитет.

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична  карта;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
– Документ од конзилијарно мислење од првостепена комисија од соодветна терцијална здравствена установа или решение за надоместок за попреченост од Центар за социјална работа и
-Доказ за материјална состојба (УЈП), потврда од работа, од АВРСМ ЦВ – Куманово, од ЈУМЦСР- Куманово или чек од пензија (лична /семејна ).

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата право на социјална сигурност за старите лица, лица со навршени 65 години возраст

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична  карта за сите полнолетни членови во семејството;
-Телефонски број за контакт ;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“- Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот  и носителот на сметка;
-Решение издадено од ЈУМЦСР- Куманово, кое докажува дека лицето користи право на социјална сигурност за старите лица;
-Венчаница/умреница на брачниот другар;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) за двајца сопружници.

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги од категоријата лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени (лица кои живеат под кирија)

Кон барањето за субвенционирање, подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:
-Лична  карта за сите полнолетни членови во семејството;
-Извод од матична книга на детето/децата;
-Телефонски број за контакт;
-Сметка од ЈП ,,Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);
-Сметка од ЈП ,,Чистота и зеленило“ -Куманово (не постара од 3 месеци) ;
-Документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка ;
-Венчаница/умреница на брачниот другар;
-Доказ за материјална состојба (УЈП) за сите полнолетни членови во семејството;
-Решение издадено од ЈУМЦСР- Куманово, кое докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;
-Потврда за редовен ученик/студент;
-Договор за закуп на недвижен имот/живеалиште.

Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита

                                                                                         

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст